HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛестер му нуди размена на Јунајтед!

Лестер му нуди размена на Јунајтед!

Не е тајна дека после Погба, Манчестер Јунајтед сака да врати уште еден свој поранешен фудбалер во клубот. Во прашањее Дани Дринквотер кој неодамна стави потпис на нов договор со Лестер, но сака да се врати на „Олд Трафорд“. Јунајтед би можел да понуди околу 25 милиони евра за услугите на везистот на шампионот, но Раниери има друга идеја. Имено, Лестер бара Морган Шнајдерлин да премине во нивните редови, за да не останат без опции на средината од теренот.

Французинот кој пристигна минатото лето е во втор план кај Мурињо, а ќе видиме дали ќе прифати да замине од Јунајтед. Сигурно дека поранешниот фудбалер на Саутемптон бара минутажа која би ја добил во Лестер, покрај тоа, тој не е платен многу повеќе од Дринквотер. Имено, Шнајдерлен прима 100.000 фунти неделно, десетина повеќе од везистот на Лестер кој поради одличните партии беше награден со нов договор ова лето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com