Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманЛесна ручек идеја – ориз со печурки и зеленчук

Лесна ручек идеја – ориз со печурки и зеленчук

Брза и вкусна идеја за денешниот ручек. Ориз со печурки и зеленчук.

Потребни ви се следните состојки:
Кромид – 1 парче
Пиперка – 1 парче
Печурки (може шампињони) – 300 гр
Ориз – 200 гр
Магдонос и зелен кромид
Масло
Сол (по вкус)
Црн бибер (по вкус)

Кромидот го сечеме на мали кругови и го пржиме додека не добие златна боја. Пиперката се сече на коцки и се додава во тавата со кромидот. Се додаваат и печурки и заедно се пржат 5 до 10 минути.

Оризот го миеме, потоа го додаваме во тавата со зеленчук и печурки, се заедно треба малку да се пропржи. Неколку чаши вода или бело вино истураме во тавата, оставаме да се вари на слаб интензитет. Ако треба, може да се додаде вода во текот на спремањето. Се сервира со изрендан пармезан одозгора. Пријатен апетит.