Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимЛековита кинеска печурка топи килограми

Лековита кинеска печурка топи килограми

Кинеската печурка лингжи има долга традиција како една од најкорисните состојки во народната медицина на Кина и помога во ублажување на голем број на состојби, од срцеви проблеми, па се до третирање на шеќерот во крвта кај дијабетичарите. Најновото истражување на тајвански научници покажало фантастични ефекти на печурката при топење на килограми.

Екпериментот е извршен врз глувци кои имаат сличен дигестивен систем како и луѓето со претерана телесна тежина, со дисбаланс на бактериите микробиоми во цревата кои учествуваат во регулирање на метаболизмот. Користејќи ја состојката „г луцидиум“ научниците ја намалиле тежината и маснотиите на глувчињата, а експериментот е успешно рекреиран.

За употреба на „г луцидиум“ за лечење на прекумерна телесна тежина, а со тоа и на нови „фантастични“ препарати за диета се уште е рано, бидејќи потребни се повеќе тестови. Инаку печурката лингжи расте на исушени дрва во Кина и е славена како лек за сите болести.