HomeДЕНЕШНАПолитикаЛекарите револтирани од дивеењето и кршењето на Градска болница

Лекарите револтирани од дивеењето и кршењето на Градска болница

lekari-protest

Лекарите од Градската општа болница „8 Септември“ денеска протестираа пред болницата за да изразат револт од инцидентот кој се случи во петокот кога роднини и пријатели на лице кое почина го демолираа Ургентниот центар на таа јавна здравствена установа.

„Ова е мирен протест да го изразиме незадоволство од нашата безбедност посебно на дежурства во ноќните часови, постојано има вербални и физички напади, не е прв настан, многу имало претходно за кои не сме изреагирале. Секојдневно има напади на медицински сестри и на шалтери, сето тоа не го оправдува таквото постапување. Сите сме под јак стрес, бараме решение за проблемот зошто не се чувствуваме безбедно при нашата работа, изјави Наташа Канакушовска, претседател на Синдикалната организација.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Сашо Стојчев, кој го поддржа протестот, изјави дека бараат да се почитува белиот мантил.

– Не може секој да им се заканува на лекарите и да ги навредува. Ова станува неиздржливо. Од ден на ден е се полошо, изјави Стојчев.

Во последниот инцидент група од десетина насилници кршеа и демолираа во ургентниот центар предизвикувајќи поголема материјална штета при што лекарите и не можеле соодветна да си ја вршат својата дејност. Доста често се случува незадоволни пациенти својот бес да го исфрлат токму врз лекарите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com