Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛејди Гага објави нова песна!

Лејди Гага објави нова песна!

После неколку недели најавување на нумерата и откривање на детал по детал, американската пејачка Лејди Гага конечно ги развесели своите обожаватели со најновата нумера под назив „Perfect Illusion“. Попууларната Лејди Гага во песната се здружи со мегапродуцентот Марк Рос кој зборуваше за песната како вовед во неверојатен албум, кој дополнително ќе биде објавен.

„Не можам да дочекам да ја слушнете песната бидејќи музиката зборува сама за себе. Некои од моите најдраги музичари на сите времиња работеа на неа“, изјави Марк. Покрај него, на оваа песна работеле и Кевин Паркер од составот „Tame Impala“ и продуцентот кој се претставува како Blood Diamonds и кој, меѓу другите, соработува со Џастин Бибер.