HomeДЕНЕШНАРегионЛегија клучен сведок за убиството на Чурувија, веќе не се плашел од ликвидација

Легија клучен сведок за убиството на Чурувија, веќе не се плашел од ликвидација

Милорад Улемек Легија, поранешниот припадник на специјалните сили и еден од осудените за атентатот врз Зоран Џинџиќ, е еден од клучните сведоци во судскиот процес кој се води против Радомир Марковиќ, екс шефот на српската државна безбедност и неколку негови соработници исто така од безбедносните служби, осомничени за убиството на новинарот Славко Чурувија на некогашен Телеграф.

radomir-markovic-milorad-ulemek-legija-1389949894-429191

Легија се појави на суд како сведок и реши по долги години да сведочи велејќи дека сега мора да ја каже вистината и повеќе не се плаши од заканите за негова ликвидација. Тој откри дека се сретнал со Марковиќ во неговата канцеларија и тој му пренел повеќе информации за нарачаното убиство на Чурувија кој подолго време бил следен од властите како личност која влијае врз јавното мислење со бројните критики против власта.

Во убиството учествувале и агентите Ратко Ромиќ и Милан Курак, како и Милан Радојниќ шефот на белградското биро за државна безбедност. Курак е директен извршител на убиството, додека пак Ромиќ со дршката од пиштолот ја удрил по глава Бранка Прпа, пријателката на Чурувија. На нив им се заканува казна до 40 години затвор, а само Курак е во бегство.

Марковиќ во своја одбрана вели дека Легија секогаш го злоупотребуваат властите и со ова сведочење воопшто не си ја вратил честа туку напротив станал лажго.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com