Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЛегендарниот Алф се бори за живот

Легендарниот Алф се бори за живот

Актерот Мич Мезаро, кој го толкуваше ликот на Алф во истоименит хит на серијата од 80-тите години на минатиот век, се наоѓа во кома и се бори за живот.

Актерот, кој е висок само 84 сантиметри, бил пронајден во несвест во бањата во неговиот дом од страна на менаџерот Денис Варга. Мезаро веднаш бил пренесен во болницата во Лос Анџелес а, како што изјави Варгаза ТМЗ, 76-годишниот актер имал здравствени проблеми откако пред осум години прежиеал мозочен удар.

Мич на лекарите пред паѓањето во кома им рекол дека не сака да му бидат исклучени апаратите кои го оддржуваат во живот, дури и ако здрвствената состојба не му се подобри.

Мезаро се појави во голем број филмови и серии во изминатите години, но најпознат е по улогата на вонеземјанецот Алф. Во првата сезона на серијата тој носеше костим, кој му го покриваше целото тело, но бидејќи му беше многу топло во него, во голем број од сцените во последните сезони снимал само во горнито дел на костимот.

Тој потекнува од Унгарија, а првите настапи ги имал за циркус, каде бил претставуван како „најмал човек во светот“. Ном шефовите во циркусот набрзо сфатиле, дека талентираниот Мезаро може да им донесе многу пари, па тој почнува со актерството.

Последната улога во која се појави Мезаро беше во филмот „Warlock: The Armagedon“ во 1993 година.