Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЛегендарната ЛАДА Нива конечно го добива својот наследник

Легендарната ЛАДА Нива конечно го добива својот наследник

Легендарниот руски теренец со децении е првиот избор на сите кои имаат во план одење на „оф роуд“ авантури кај нас. Но, со развитокот на технологијата руската ЛАДА Нива заостанува во многу апскети особено во развитокот на технологијата возењето на нормален пат и конфорнота при возењето…

На голема радост на сите јубители на овој руски бренд, конечно дојде време за промена и тоа ќе се случи најверојатно во 2018 година, две години подоцна откако беше планирано, а поради намалената продажба на возила во Русија. Новата Niva е дел од планот за ревитализирање на брендот и ќе се вклучи на Vesta и X-Ray во понудата.
Како и кај актуелниот модел и новиот ќе биде пред се наменет за возење на терен, но ќе има многу подобрувања во поглед на безбедноста, удобноста и возните својства на асфалт. Исто така, 1,7 литарскиот бензинец скоро сигурно ќе биде заменет со помоќен агрегат од Renault, па може да се очекуваат подобри перформанси и многу пониска потрошувачка и емисија на штетни гасови.

Погонот стандардно ќе биде на сите четири тркала, со можност за блокада на диференцијалот и редуктор, додека менувачот ќе биде исклучиво мануелен.