Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЛегендарната актерка денес наполни сто години!

Легендарната актерка денес наполни сто години!

Оливија де Хевиленд, најпозната по улогата во остварувањето од 1939 година „Gone with the wind“, денес наполни 100 години. Де Хевиленд, која е е последниот жив член на актерската постава од славниот филм „Gone with the wind“, се стекна со популарност откако влезе во актерските води на само 19-годишна возраст.

Оливија де Хевиленд 1

Актерската кариера ја започна во театар за подоцна да се појави во бројни филмови и да се стекне со светска слава. Кариерата ја заврши во 1988 година, а во текот на својата кариера беше наградена со два Оскари.

Оливија де Хевиленд 2