Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛегализацијата на канабис во медицински цели помина на собраниска комисија

Легализацијата на канабис во медицински цели помина на собраниска комисија

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлогот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци во прво читање и го даде на натамошно разгледување.

Во име на предлагачот Министерството за здравство, државниот секретар во Министерството Стојанчо Стојковски појасни дека измените се однесуваат на легализација и контролирана употреба на строго контролирани производи од канабис за медицински цели во Македонија.

Употребата на канабисот не смее да претставува само лекување, појасни Стојковски и додаде дека тоа треба да претставува лекување со медицинска препорака под надзор и дека нема да биде замена на конвенционалната медицинска терапија. Според него, потребата за овие измени во законот е дека во досегашните одредби употребата на производи од коноп беше забранета и во таа смисла е наложена потребата од него.

cannabis-oil-medicine– Со овие измени на пациентите ќе им се овозможи достапност до производите од канабис со строго контролиран состав и квалитет наместо како до сега кога имаше случаи да има користење на производи од канабис кои се од неконтролиран состав, а и самото дозирање не беше под никаков медицински надзор, рече Стојковски.

Двете најголеми партии го поддржаа предлогот.