HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛејди Гага во офанзива на топ листите, излезе и нова нумера!

Лејди Гага во офанзива на топ листите, излезе и нова нумера!

За да им ги „скрати маките“ на своите верни обожаватели додека го исчекуваат нејзиниот нов албум „Joanne“, Лејди Гага подготви нов сингл. Станува збор за песната „A-Yo“. После најавниот сингл „Perfect illusion“ и нумерата „Million reasons“ пристигнува и „A-Yo“. Лејди Гага синглот го најави на својот Твитер профил каде објави и фотографија заедно со песната.

Песната ја изведе во живо во рамките на својата мини-турнеја „Dive bar tour“. На песната работеа Марк Ронсон и Хилари Линдзи, позната по плодната соработка со Тејлор Свифт. Во авторската екипа зад синглот „A-Yo“ стои продуцентот Блад Поп.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com