HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛејди Гага гостин во „Late late show“ со Џејмс Корден

Лејди Гага гостин во „Late late show“ со Џејмс Корден

4487054_gaga-i-korden-f1jpg

Лејди Гага неодамна положи возачки испит и објави нов албум. Значи, сега е вистинско време за дружење со Џејмс Корден сегментот „Carpool Karaoke“ од популарната емисија „Late late show“. Џејмс Корден е навистина среќен човек бидејќи на работа пристигна пеејќи и забавувајќи се со една од најпознатите музички ѕвезди на денешницата.

Лејди Гага се качила во автомобилот на водителот и му помогнала да стигне до своето работно место, пеејќи му бројни хитови, менувајќи култни костими па дури и го преземала воланот за кратко. „Perfect Illusion“, „The Edge of Glory“, „Born This Way“, „Poker Face“.. се нејзини големи хитови кои поп ѕвездата Гага маестрално ги извела со Џејмс.

Гледачите во овој сегмент од емисијата на Џејмс Корден дознале дека популарната пејачка неодамна положила возачки испит. Нејзиното семејство било многу гордо поради тоа, а нејзиниот татко дури и заплакал од среќа. Емисијата завршила со спектакуларно, драматично изведување на баладата од новиот албум на Лејди Гага, „Joanne“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com