HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛејди Гага го објави долгоочекуваниот албум „Joanne“

Лејди Гага го објави долгоочекуваниот албум „Joanne“

14210397735809f4d57d70c207106729_v4_big

После две години една од најпопуларните ѕвезди на денешницата, Лејди Гага, се враќа со нов албум под назив „Joanne“. Лејди Гага денес го претстави својот долгоочекуван студиски албум „Joanne“. На албумот се наоѓаат 11 нумери со три дополнителни песни на deluxe изданието. „Со овој албум сакам да ги изненадам обожавателите. Ова беше неверојатно искуство, слично како барање на самиот себеси“, изјави пејачката.

Се претпоставува дека називот на албумот „Joanne“ е инспириран од името на нејзината тетка, ресторан во Њујорк кој е во сопственост на нејзиниот татко исто така го носи ова име, додека нејзиното целосно име е Стефани Јоанне Ангелина Германотта. За продукцијата на албумот се погрижиле BloodPop, искусниот Марк Ронсон, но и самата Лејди Гага.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com