HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Led Zeppelin“ ослободени од обвинението, не направиле плагијат!

„Led Zeppelin“ ослободени од обвинението, не направиле плагијат!

Американскиот суд денес ја донесе одлуката дека легендарниот британски рок бенд „Led Zeppelin“ не ја украл песната „Stairway to Heaven“ од бендот од Лос Анџелес по име „Spirit“. Членовите на федералниот суд во Лос Анџелес ги отфрлија тврдењата дека Роберт Плант и Џими Пејџ немале пристап до песната „Taurus“, нумера објавена од бендот „Spirit“ во шеесетите години од минатиот век, но истакнаа дека Плант и Пејџ никако не можеле да имаат пристап на песна напишана четири години порано.

Лед Цепелин

Жирито донело едногласна одлука набругу откако судијата Гери Клауснер на нивно барање се сложил на акустична гитара да ги слушне двете песни и со тоа судењето било решено.

Стручни лица кои ги контактирале обвинителите истакнуваат дека имало значајни сличности меѓу клучни делови од двете песни, но сведок на одбраната истакнал дека образец користен во воведот на нумерата „Stairway to Heaven“ био бил толку вообичаен што авторските права не важат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com