HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаЛеброн Џејмс стана најмладиот играч со освоени 27.000 поени

Леброн Џејмс стана најмладиот играч со освоени 27.000 поени

index

Богата беше петочната програма во НБА лигата, осум натпревари на кои немаше поголеми изненадувања, натпревари на кои во центарот на вниманието се најде Леброн Џејмс кој испиша нова страница од историјата во најквалитетниот кошаркарски шампионат на светот.

Имено Леброн беше лидер во триумфот на Кливленд на гостувањето кај Вашингтон со 105:94 со дабл-дабл учинок од 27 поени и 10 скокови. Тој воедно на овој дуел стана и најмлад играч кој ја достигнал бројката од 27.000 надминувајќи го досегашниот лидер Коби Брајант.

На легендата на ЛА Лејкерс му беа потребни 32 години и 160 денови за да дојде до фантастичниот учинок, „кралот“ пак го скрати тоа време и дојде до магичната бројка со 31 година и 317 денови. Ова за првата ѕвезда на Кавси е нов големо индивидуално достигнување во рок од неколку дена ако се знае дека на 5 ноември го мина Хаким Олајџувон на вечната листа на најдобри стрелци, односно влезе во Топ 10.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com