Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛЕ: Минимален триумф над Трабзонспор за уште еден чекор напред за Работнички

ЛЕ: Минимален триумф над Трабзонспор за уште еден чекор напред за Работнички

Тренерот на единствениот македонски тим кој остана на евро – сцената, Игор Ангеловски, има причина за да биде задоволен и горд на своите избраници. Вчеравечер „Филип Втори“ заблеска во полн ек, каде Работнички со мала, но успешна победа успеа да влезе во позитива со еден гол против Трабзонспор.

Единствениот гол во 23. минута го постигна капитенот Баже Илијоски кој по сѐ изгледа дека беше и клучен за да се заокружи одличната игра на „романтичарите“ и не му се дозволи на турскиот противник да зададе некоја посериозна шанса која би резултирала со погодок.

По завршувањето на натпреварот, Ангеловски даде позитивна изјава:
Задоволен сум од резултатот, победивме екипа која вреди 105 милиони евра. Некој да ни кажеше пред мечот дека ќе заврши 1-0 ќе прифатевме без размислување. Горд сум на моите фудбалери, ние уште не сме свесни каков тим победивме.Имаме активен резултат имаме предност и ќе сториме се ние да бидеме тие кои ќе одат во плејофот. Трабзон е се уште фаворит, ние ќе го дадеме максимумот во реваншот за да го минеме противникот“

Сега Работнички е цврсто фокусиран на реванш натпреварот кој ќе се одигра идниот четврток, 6. август.