Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛДП: „Транспортер“ и „Еразмо“ се примери за двојните аршани во македонското правосудство

ЛДП: „Транспортер“ и „Еразмо“ се примери за двојните аршани во македонското правосудство

Либерално-демократската партија обвини дека постојат двојни аршини во македонското правосудство и побара сите осомничени функционери за криминал и корупција да се отстранат од работа и да им се одземат ингеренциите.

ЛДП посочува дека за професорите од Економскиот факултет осомничени за корупција се бара да им се изрече мерка забрана за работа, додека од друга страна битолскиот градоначалник кој е осомничен за криминал со бесплатен школски превоз, потпишува службени документи.

– Бараме од ВМРО-ДПМНЕ да ги осуди ваквите двојни аршини и да побара од сите свои функционери обвинети за криминал и оние за кои постојат основани сомненија за сторен криминал да се повлечат од функциите, се вели во соопштението од ЛДП.