HomeДЕНЕШНАПолитикаЛДП ги избра кандидатите за пратеници

ЛДП ги избра кандидатите за пратеници

ldp

Либерално-демократската партија вчера на седницата на Централниот одбор, во демократска атмосфера и со тајно гласање, ги избра кандидатите за пратеници на претстојните вонредни парламентарни избори, закажани за 11 декември, соопштија денеска од партијата.

Како што информираат оттаму во првата изборна единица, на 12-тото место на коалициските опозициски листи, партијата ја предложила Никица Корубин. Во втората изборна единица, на 17-тото место е претседателот на подмладокот на ЛДП, ЛИДЕМ – Стефан Миноски.

Јулиана Николова, претседателка на Форумот на жени на ЛДП е на 6-тото место во третата изборна единица. Во четвртата изборна единица, на 20-тото место на коалициската листа е Јасмина П. Миленковиќ, а во петтата изборна единица, на 4-тото место е претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

ЛДП на изборите ќе настапи како дел од опозициската коалиција, предводена од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com