Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛДП: Блокадата на евроинтеграциите е најголемата закана за унитарноста на државата

ЛДП: Блокадата на евроинтеграциите е најголемата закана за унитарноста на државата

Либерално-демократската партија стравува и предупредува дека блокирањето на евроинтеграциските процеси се најголемата закана за унитарноста на Република Македонија.

„Желбата на 75 отсто од граѓаните, Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО, е единствен гарант за унитарноста, стабилноста и економскиот просперитет на сите граѓани. Единствените кои се загрозени од враќањето на владеењето на правото се членовите од врхушката на власт, за кои има основани индиции за сторен криминал, корупција, изборни измами. Оттаму, го повикиваме Ѓорге Иванов да се одважи и да ги почитува демократските принципи на парламентарната демократија, а, Никола Груевски да престане да создава нови проблеми и да ги лаже и манипулира членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ЛДП.

Партијата нагласува дека пораките што вчера ги испратија еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан и тројцата европратеници се јасни и недвосмислени. -Да не си играме со оган, бидејќи лесно може да се изгориме.

ЛДП апелира и до ЕУ, доколку се воведуваат одредени санкции кон Македонија, тие да ги опфатат исклучиво поединците кои ги загрозуваат мирот и стабилноста на регионот, а не ситуацијата да се рефлектира врз сите граѓани на државата.