Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛДП бара Талески да си поднесе оставка

ЛДП бара Талески да си поднесе оставка

„Што ли уште треба да се случи за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да си поднесе оставка од функцијата и да го ослободи градот од криминалот, корупцијата и скандалите со кои ја разнебити Битола“, изјави денеска Горан Милевски од ЛДП.

„Не е ли срамота, конзулска Битола, да има градоначалник кој помина 3 месеци во притвор поради сомнение за сторен криминал и на кого денес една од главните работни задачи му е пријавување во основниот судот во Битола секој петок во неделата.

Талески, за кого Специјалното јавно обвинителство најави и обвинителен акт за коруптивни тендери, со кој се проневериле 360 000 евра народни пари, и понатаму упорно да седи на градоначалничката фотеља.

Актерот, Владимир Талески, се покажа како раритет, посебен примерок од политичарите на ВМРО-ДПМНЕ, кој остана единствениот споменат во „бомбите“ на опозицијата кој не си поднесе оставка. Дури и неговите ментори Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски си заминаа, но Талески сеуште се бори и не се дава. Ова зборува за каква личност станува збор, за каков ментален склоп и психологија на владеење и делување“, вели Милевски.