Sunday, Apr 30, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЛажни полицајци украле „пинч“ од скопјанка

Лажни полицајци украле „пинч“ од скопјанка

policija-2

На 02.06.2016 година во ПС-Кисела Вода, Р.Ј. пријавила дека на ул.„Славка Димкова“ три непознати машки лица, кои се претставиле дека се од полиција, извршиле разбојништво врз неа. Сторителите влегле во дневната соба преку незаклучената врата и го одврзале нејзиното куче од раса „Пинч“, при што кучето каснало за рака едно од лицата, а едно од лицата кога истата се обидела да го спречи ја турнал на подот, по што го зеле кучето и заминале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.