Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЛажна тревога на хрватското небо

Лажна тревога на хрватското небо

Редовен цивилен лет го исплаши НАТО. Два борбени авиони на Хрватското воено воздухопловство и противвоздушна одбрана МИГ 21 по команда на НАТО пресретнале цивилен авион кој влегол во хрватскиот воздушен простор. Станува збор за патнички авион кој летал од Франкфурт и не се јавувал на контролата на лет уште на подрачјето на Словенија.

НАТО издаде наредба за интервенција на дежурните воени авиони кои го пресретнале авионот на границата со Словенија.
Откако извршиле идентификација, утврдиле дека станува збор за Ербас 321 на британската компанија Monarch Airlines. Воените авиони го испратиле цивилниот авион до границата со БиХ, откако било утврдено дека се работи за редовен цивилен лет.