Thursday, May 25, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаЛажна дојава за бомба во ноќен клуб во Куманово

Лажна дојава за бомба во ноќен клуб во Куманово

bomba

Непознато лице ноќеска, 20 минути по полноќ телефонски се јавило во Полициската станица Куманово и пријавило дека во ноќниот клуб „Револушн“ има поставено експлозивна направа.

Како што информира денеска МВР, стручните лица од Одделот за антитероризам при МВР на РМ извршиле увид на местото и констатирано е дека во објектите нема поставено експлозивна направа и дека се работи за лажно пријавување. На терен интервенирале полициските службеници од СВР Куманово, а сите лица биле евакуирани поради безбедносни причини. СВР Куманово работи на целосно расчистување на настанот.