Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометЛазаров по ждрепката за ЛШ: „Вардар ќе биде поквалитетен од лани“

Лазаров по ждрепката за ЛШ: „Вардар ќе биде поквалитетен од лани“

Најистакнатиот македонски ракометар, Кирил Лазаров, во новата сезона од Лигата на шампионите повторно ќе игра пред македонската публика. Каталонскиот гигант за противник во групата Б го доби тимот на Вардар.

„Задоволен сум што се паднавме во иста група со Вардар и што ќе играм во Македонија пред нашата македонска публика. Вардар ќе биде поквалитетен од лани, ги дуплира позициите. Мислам дека со овој нов систем на натпреварување во Лигата на шампионите повеќе проблеми ќе имаат екипите што имаат јака лига затоа што и во така напорниот распоред сега ќе биде уште попеколно. Групата воопшто не е битна каква е, битно е да сме здрави и во форма од март до јуни. “ – вели Лазаров.