HomeДЕНЕШНАРепубликаЛазар Еленковски отповикан од амбасадата во Брисел

Лазар Еленковски отповикан од амбасадата во Брисел

Лазар Еленовски се отповикува од должноста амбасадор на Република Македонија во Белгија и во Луксемург. Оваа одлука со потпис на Претседателот Ѓорѓе Иванов е објавена денеска во „Службен весник“. Еленовски се враќа во Македонија, бидејќи му истекува неговиот мандат заклучно со 31 декември годинава.

Еленовски за амбасадор во Брисел беше назначен во јули 2012 година, како предлог на ДУИ. Тој пред да стапи на оваа функција, беше министер за одбрана во Владата на Никола Груевски од 2006 до 2008 година од редовите на НСДП. Потоа Еленовски, заедно со Веле Митановски и Вера Рафајловска ја напуштија НСДП и ја формираа Социјалдемократската Унија. Лазар Еленовски беше избран на претседател, каде остана се до назначувањето на амбасадорската функција во Белгија.

Извор: novatv.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com