HomeДЕНЕШНАСветЛавров: САД извршија агресија врз Југославија, а нас не обвинуваат за Сирија

Лавров: САД извршија агресија врз Југославија, а нас не обвинуваат за Сирија

lavrov

Бомбардирањето на Југославија од страна на силите на НАТО во 1999 година беше агресија – прв напад во Европа врз суверена држава од 1945 година, нападите погодија голем број на цивилни објекти, вклучувајќи ги и телевизијата на Србија, мостови и патнички возови, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров – пренесува Руска Реч на Македонски.

„Агресијата врз Југославија беше, се разбира, токму агресија. Патем, тоа беше првиот вооружен напад во Европа врз една суверена држава од 1945 година Ако зборуваме за тоа сега во контекст на она што се случува околу Сирија, нашите западни партнери, особено Американците, па и Британците веќе доаѓаат во нивните хистерии до јавни навреди, со користење на зборови како „варварство“, „воено злосторство“. Дозволете ми да ве потсетам, агресијата против Сојузна Република Југославија беше полна со напади врз голем број на цивилни објекти, вклучувајќи ги, меѓу другото, телевизијата на Србија, мостови по кои одеа цивилни патнички возови, и уште многу друго“, изјави Лавров во интервју за телевизијата „Русија 1“.

Според него, илјадниците мртви, од кои неколку стотини деца, една четвртина милион бегалци оттогаш никој повеќе не ги споменува.

„Ако Русија преку Евгениј Примаков не реагираше на начинот на кој тој реагираше на оваа флагрантно кршење на меѓународното право ние, веројатно, уште долго немаше да си го простиме тоа и нашата историја ќе беше пополнета со една многу непријатна страница. Тој го стори тоа на начин што Русија го покажа својот карактер и го зазеде единствениот правилен став во тој момент“, додаде Лавров.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com