HomeДЕНЕШНАСветЛавров: Русија ќе го спаси Алепо од терористи

Лавров: Русија ќе го спаси Алепо од терористи

lavrov-2

Русија ќе продолжи со операциите во источниот дел на Алепо и ќе го спаси тој сириски град од терористи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на посетата на Турција. Лавров, на заедничката конференција за новинари, после состанокот со турскиот колега Мевлут Чавушоглу во медитеранскиот град Алањи, изјави дека Русија ќе продолжи да вложува напори за да се овозможи доставување на хуманитарна помош во Алепо.

Чавушоглу изјави дека постигнал согласност со Лавров околу потребата од примирје во Алепо и останатите делови од Сирија, но напомна дека ставот на Турција околу сирискиот претседател Башар ел Асад е потполно јасен. Русија е главен поддржувач на Асад додека Турција ги поддржува бунтовниците кои се обидуваат да го симнат од власт.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com