HomeДЕНЕШНАСветЛавров: Некои земји го саботираат сирискиот мировен процес

Лавров: Некои земји го саботираат сирискиот мировен процес

lavrov

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „некои земји“ вклучени во мировните преговори околу Сирија го саботираат тој процес така што ги поддржуваат екстремистичките групи кои сакаат да го тргнат од чело сирискиот претседател Башар ел Асад. Сергеј Лавров не прецизираше на кои земји мисли кога вели дека го саботираат мировниот процес.

Агенцијата „АП“ напоменува дека во мирновните преговори со Сирија учествува и американскиот државен секретар Џон Кери и министрите за надворешни работи во Турција, Саудиска Арабија, Катар и Иран. Лавров ова го изјави на почетокот на посетата во Грција, земја членка на НАТО и ЕУ која има блиски односи со Русија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com