Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласЛавовите по 20 години се враќаат во Руанда

Лавовите по 20 години се враќаат во Руанда

20 години по крвата граѓанска војна која одзеде повеќе од 1 милион животи, во Руанда ќе се обнови дивиот свет со враќање на десетина лавови. Иницијативата е предводена од Националниот парк Акагера од Руанда кој ќе ја врати популацијата на лавови, симболот на Африка со помош на резерватот КваЗулу од Јужноафриканската Република.

Во почетокот на 90-тите кога избувна граѓанската војна голем број не бегалци од Руанда го нарушија балансот на животната средина, а лавовите беа истребени поради заштита на стоката како единствен извор на храна. Денес состојбите во Руанда се подобрени и се одржува мирот меѓу различните етнички и верски заедници.