Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛатас се извини на Турците за навредливите зборови

Латас се извини на Турците за навредливите зборови

Вчера имавме можност да го гледаме скандалозното соочување на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и главниот и одговорен уредник на Сител, Драган Павловиќ – Латас. Она што веднаш крена голема прашина е фразата на Латас „лажеш како Турчин“.

Невладината организација „Уфук“ веднаш реагираше на ваквиот речник, нарекувајќи го обраќањето длабоко навредливо и неприфатливо, а уредникот во следниот дневник се извини на сите Турци.

– Мој гаф во текот на дневникот. Се извинувам на сите Турци поединечно, како и на турската нација и на турската држава. Сметам дека и турскиот народ и турската држава се големи пријатели на Република Македонија, особено во поново време, нивните граѓани во Република Македонија се лојални и продонесуваат за сите позитивни процеси во државава и затоа жалам и се извинувам на секој Турчин кој се чувствувал навреден и ветувам дека тоа никако не може да се повтори, бидејќи тоа не е ниту мој став, ниту убедување. Едноставно е мој гаф – рече Латас.