Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛатас „изеде бурек“ за Оливера Трајковска, а СЈО го нарече „порно обвинителство“

Латас „изеде бурек“ за Оливера Трајковска, а СЈО го нарече „порно обвинителство“

Уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас синоќа во емисијата на Јанко, „Јади бурек“ изнесе тешки обвинувања за познати новинарски имиња. Латас во обид да ги одбрани изнесените наоди од истрагата на СЈО, почна да ги напаѓа своите колеги. Тој ја нападна Јадранка Костова, Саше Димовски, Оливера Трајковска и други новинари. Имено, за водителката Оливера Трајковска, Латас рече дека учествувала во измама со акции на една банка и објаснуваше која била улогата на новинарката во процесот. Потоа Латас се осврна на креветот на Трајковска и на тоа со кого била додека разговарала со висок функционер. Ваквата реторика на Латас доаѓа веднаш откако кажа дека муабетите на СЈО за гаќите на Ивона се пазарџиски и улични муабети.

Деталите од Латас нема да ги пренесеме, но ќе го пренесеме неговиот став за тоа дека Специјалното јавно обвинителство е порно обвинителство бидејќи се занимавало со гаќите на Ивона и со неговите скапи душеци. Латас се обиде да ги оправда парите за кои зборуваа специјалните обвинителки со проекти во Србија.

Латас ја искористи приликата да се испофали себе и Ивона како најголеми авторитети во македонското новинарство. Јавноста најдобро суди дали е тоа така. Уредникот на Сител изнесе уште многу работи за многу други јавни личности, но сепак неговата во репутација во јавноста говори многу сама за себе.