HomeРЕФЛЕКТОРДизајнЛанком – Израз на француската романса во модниот свет

Ланком – Израз на француската романса во модниот свет

lancome-5

Создаден во 1935 година од страна на визионерот Armand Petitjean со цел да го промовира францускиот стил и вкус низ целиот свет, Ланком секогаш бил олицетворение на современата убавина. Бренд во кој фигурира одличното, совршениот мирис за нега на кожа, и шминка кои одат рака под рака.  Од своето создавање во 1935-та година, Ланком ја открива убавината на жените од целиот свет и им помага да донесат што повеќе убавина во својот живот, без разлика на нивната возраст, стил и боја на кожа.

lancome-1

Името Ланком е инспирирано од « Lancosme »,  средновековен замок во Vendoeuvres, кој е сместен во срцето наФранција. Правописот подоцна беше променет, односно беззвучното С беше заменето со циркумфлексен акцент. Ова име брзо стана синоним  на француската совршеност, елеганција и одговор на реалноста на меѓународниот развој.

lancome-2

Mr Petitjean ја одбра розата како симбол на Ланком, која ја претставува идејата на убавина и женственост. Розата ја претставува бескрајната женственост, но исто така може да биде и симбол на нашето време; деликатно, но истовремено и силно.

lancome-4

Розата ја претставува хармонијата, вистината и великодушноста.

Кога некому ќе му подарите роза, тоа е најчовечниот начин да се каже – Те сакам и ти посакувам се најдобро, Ми недостасуваш.  Вака Ланком сака купувачите да се почувствуваат кога ќе добијат или подарат некој од продуктите на Ланком. Овие производи велат: ние ќе ја сублимираме вашата убавина и ќе се грижиме за вас.

lancome-6

Од самиот почеток, Ланком бил бренд основан на три оски.

Повеќето од конкурентните брендови започнале со една оска, а потоа ги развиле другите. На пример, Dior, Chanel, Armani  започнале со парфеми, па потоа мејк ап, а Estee Lauder, Clinique, Biotherm – грижа за кожа.

lancome-3

Дури сега повеќе од брендовите имаат три оски, но ова не било од почетокот како кај Ланком.

За Ланком да ја пренесе идејата за убавина и женственост низ светот, Armand Petitjean основал школо за Амбасадори на Ланком во 1942 година. Амбасадорите на Ланком биле регрутирани по најригорозни криетериуми. Морале да претставуваат, промовираат, да го воспостават и развијат брендот низ целиот свет.

Денес Ланком ја претсавува француската убавина на пријателски и разигран начин, придружувајќи ги клиентите како гости, притоа ненаметнувајќи им се. Од само неколку минути до повеќе од час, целта е да се едуцирааат и обучат како да ја подобрат нивната убавина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com