Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛампард и Џерард во “Куќата на славните”

Лампард и Џерард во “Куќата на славните”

Од островот доаѓа веста дека двајцата поранешни репрезентативци на Англија ќе добијат големо признание.

Во “Куќата на славните” на Народниот фудбалски музеј ќе влезат и Стивен Џерард и Френк Лампард.

Двајцата од неодамна ги завршија своите големи кариери, во своите биографии имат се што им е потребно за да влезат во “куќата на бесмртните“, ако веќе таму се наоѓаат многубројни легенди на Премиер лигата и репрезентативци на Гордиот Албион, оваа вест не е толку изненадувачка.

Свечената церемонијата за приемот на нови членки обично се одржува во есен, а интересно е дека освен легендите на Ливерпул и Челзи вакво признание ќе добие и селекторот на Велс, Гери Спид.