Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЛајчак: ЕУ се оддалечува од Западен Балкан, а тоа создава фрустрација

Лајчак: ЕУ се оддалечува од Западен Балкан, а тоа создава фрустрација

Европската Унија се оддалечува од Западен Балкан, а тоа се повеќе создава фрустрација меѓу тамошното население, вели идниот претседател на Генералното собрание на ОН и актуелен шеф на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак.

„ЕУ и нејзините институции мораат повторно да пронајдат заеднички јазик со луѓето, со цел да избегнеме бран на популизам и национализам, кои како цунами ги погодуваат земјите во ЕУ, една по друга. Тоа е најголемиот проблем што мора итно да го решиме“ – вели Лајчак.

Според Лајчак, ниту една опција за регионот не претставува реално исполнување на желбите за безбедност, стабилност и економскиот приоритет на граѓаните од Западен Балкан. Смета дека неостварувањето на европските перспективи генерира национализам, кој води кон „фрагментација со насилни средства“.

Тој објасни дека една од последиците би била миграцијата од регионот, како и отворена врата за миграцијата од регионот на Блискиот и Средниот Исток и Африка.

Лајчак е убеден дека земјите од Западен Балкан треба да се инспирираат со започнати процеси, свој сопствен напредок и соодветно надградување.

Тој забележал дека постои недостиг на стратешка комуникација меѓу ЕУ и Западен Балкан во поширок контекст.