Sunday, Jul 23, 2017
HomeГИГА БАЈТХај текLady Pitch Night ­ за жени со техношошки стартап компании

Lady Pitch Night ­ за жени со техношошки стартап компании

Girls in Tech Paris и оваа година организира Lady Pitch Night, настан на кој стартап компании со
жени-основачи можат да се претстават пред европската стартап сцена. Оваа година, сите
технолошки стартапи од 6 до 36 месеци, со седиште во Европа и со барем една жена во
основачкиот тим, можат да аплицираат онлајн до 31 јули 2015. Избраните финалисти ќе имаат
можност да го презентираат нивниот стартап пред панел од добро познато жири кое вклучува
експерти, инвеститори и претприемачи во Париз, за што патните трошоци се покриени од
организацијата.

Сите финалисти ќе добијат бесплатни билети за најголемитe конференции низ Европа. Во 2014, Web Summit, LeWeb, TechCrunch Disrupt, The Next Web, DLD иThe Europas обезбедија билети за
финалистите да го промовираат и поддржуваат присуството на жените на технолошките
конференции.
lady2
Lady Pitch Night е најголемиот европски натпревар за стартапи основани од жени, кој се одржува
веќе 5 години. Настанот, огранизиран од Girls in Tech Paris во партнерство со компанијата
Orange, преку нивниот стартап акцелератор OrangeFab France, Raise иCriteo, има за цел да ја
зголеми видливоста на жените претприемачи и да охрабри диверзитет во технолошката
индустрија.

Girls in Tech Paris го организираше првиот Lady Pitch Night во Франција во Јануари 2011. Во
2013, настанот отвори апликации за цела Европа. Во 2014, над 200 стартапи од 22 држави се
пријавија. Финалистите од минатата година се Gemmyo (Франција), Cortechs (Ирска), Fojo.me
(Хрватска), Cocofarm (Бугарија) и EasySize (Данска), победникот – кој автоматски се квалификува
во стартап натпреварот на партнерскиот настан LeWeb, каде што освои второ место.
Експертското жири им честиташе на финалистите, а составено од: Mike Butcher (TechCrunch), Reshma Sohoni (Seedcamp), Brenda O’Connell (Twitter), Joanna Shields (TechCityUK), Neelie Kroes
(European Commission) иSheryl Sandberg (Facebook).

Повеќе информации на ladypitchnight.com, или на http://www.Gitparis.comза француската гранка
на организацијата.Доколку сакате да аплицирате, тоа може да го направите овде.За повеќе
информации за останатите Girls in Tech гранки, посeтете ја http://www.girlsintech.org.

Извор: телефони.мк