Friday, Mar 24, 2017
HomeДЕНЕШНАЛаден и дождлив завршеток на неделата

Ладен и дождлив завршеток на неделата

Во Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно и свежо, под влијание на на влажна воздушна маса од Медитеранот. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, особено во западните и северните подрачја на земјава. Дождот ќе биде пропратен со повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 8 до 14 степени Целзиусови, а максималната ќе биде во интервал од 15 до 20 степени. Во Скопје слично време, свежо, ветровито и дождливо со максимална температура до 18-тиот степен.