Thursday, Mar 28, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласЛабораториски комарци ќе ја уништуваат маларијата Денга

Лабораториски комарци ќе ја уништуваат маларијата Денга

Научниците во кинеската провнција Чангхзо и во неколку држави на југоисточна Азија деновиве во природата пуштија неколку милиони комарци „создадени“ во лабораторија. Овие комарци, најголем број мажјаци, се вештачки заразени со бактеријата „Волбахиа“, која ги стерилизира јајцата на женките.

Таквиот биолошки третман за уништување на комарците е поефикасен од обидите за нивно уништување со хемиски средства, бидејки научниците открија дека комарците лесно се адаптираат и стануваат отпорни на хемиските средства. Научниците се обидоа да најдат решение за видот маларија наречен „Денга“, од чија инфекција од крајот на минатиот век досега починале над 40.000 жители. Најстрашно е тоа што на комарците што ја пренесуваат „Денгата“ не им треба голем влажен простор за положување на јајцата. Најопасни легла биле мали барички и пластични шишиња на чие дно останало малку течност.

Минатата година, во десетина држави на Азија се регистрирани над 80.000 случаи заболени од „Денга“. Покрај јужните делови на Кина, најмасовна појава на маларијата „Денга“ беше забележана во Индонезија, на Филипините и во Виетнам. Експеримент со лабораториско производство на машки комарци кои ги стерилизираат јајцата на женките прво е изведен на еден остров, а се проценува дека со тоа популацијата на комарци е намалена за најмалку 90 отсто.

Со добрата вест за новиот начин за уништување на комарците, научниците од овој дел соопштија и друга, лоша вест. Утрдено е дека јацата на комарците опстојуваат и на темпераура од минус 40 степени, а можат да хибернираат и над 30 години. Заклучокот е изваден по екпериментот на научници од Јапонија и од Индонезија, кои пред 30 години однеле и оставиле јајца од комарци на Јужниот Пол, а од кога смрзнатите јајца биле донесени во Индонезија од нив се развиле комарци. Дел од јајцата биле третирани и со хемиски отрови, но во тропите тие се оплодиле и имале генетски карактеристики поразлични од нивните првобитни семејства.