Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКуртулија три судијки за кои СЈО бараше да бидат разрешени

Куртулија три судијки за кои СЈО бараше да бидат разрешени

Tри од четирите судијки за кои СЈО во два наврати бараше да бидат разрешени поради нестручно и несовесно постапување, ќе куртулат од одговорност, дознава „Макфакс“. Пред годишните одмори, Советот за утврдување факти и покренување одговорност за судии, кој е пред укинување, одлучил да ги отфрли иницијативите на СЈО за трите судијки кои постапуваат по предметите на ова јавно обвинителство. СЈО во февруари и март побара да се утврди дека судијките од кривичниот суд кои постапуваат по предметите на СЈО работата ја вршат пристрасно и ја попречуваат работата на ова јавно обвинителство, јавува „Макфакс“.

Четирите судијки од кривичниот суд за кои СЈО бараше да бидат разрешени се: Татјана Михајлова, која го суди предметот „Насилство“ во кој првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, потоа Лидија Петровска, која го тераше СЈО да бара дозвола од УБК за да ги користи класифицираните информации како докази, судијката делегирана од Неготино во Скопје, Aлександра Поп Стефанија, која ја прогласи за незаконска постапката за претрес на домот на Горан Грујевски зашто тогашниот осомничен не бил присутен, и судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, која според иницијативата на СЈО, постапките за случајот „Трезор“, каде што е обвинет ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, ги водела пристрасно, со злоупотреба на положбата и пречекорување на службените овластувања.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски, за „Макфакс“ потврди дека до нив нема стигнато барање од Советот на факти за утврдување одговорност за ниту една од овие судијки.