Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКурц ја виде реалната слика – Европа мора да помогне

Курц ја виде реалната слика – Европа мора да помогне

Состојбата со мигрантите има потенцијал да прерасне во хуманитарна криза доколку продолжи силниот наплив на јужната граница со нелегално преминување на илјадници од Грција. Себастијан Курц, министерот за надворешни на Австрија токму при денешната посета е еден од првите европски политичар кој призна дека ЕУ мора да помогне во справување со состојбата.

Macedonia Migrants

„Европската унија конечно мора да погледне и на бегалската рута низ Македонија, а не само на таа во Италија. Долгорочно решение на проблемот е можно само ако се договорат кризните држави. Во секој случај, Австрија ќе помогне и ќе соработува со македонската Влада“ изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц.

Курц беше во посета на Гевгелија со македонскиот министер за внатрешни работи каде разговараа за распоредувањето на специјални сили за обезбедување на границата и контролираниот прием на мигранти.