Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКупувајте паметно во Техномаркет со новата SMART картичка

Купувајте паметно во Техномаркет со новата SMART картичка

Смарт технологиите полека се применуваат и во трговскиот сектор во Македонија, а меѓу првите големи маркети кој ќе им понуди на своите корисници да купуваат на модерен начин е Техномаркет кој ја претстави можноста за добивање на SMART картичка со која се добива и одреден попуст преку програмата на лојалност.

SMART картичката на Техномаркет е бесплатна со тоа што доколку ја користите при купување во нивните салони ќе добиете различни бенефити, како пристапк до промотивни цени, специјални промоции, акции и понуди, наменети ексклузивно за членовите на програмата за лојалност.Alek Medarski 2

„Нашата SMART картичка е резултат на искреното пријателство со нашите купувачи. Познати сме по организирање и промоција на голем број акции што носат голем број попусти за сите купувачи, а ова е само уште еден сегмент во таа приказна. Лојалната картичка е наменета за дополнително наградување на нашиот голем број лојални и задоволни купувачи и дополнително задоволување на нивните барања и потреби,“ истакна Александар Медарски, раководител на малопродажба во Техномаркет.

Лојалните потрошувачи со SMART картичката ќе добиваат Back Bonus, што се пресметува врз реализирани купувања во сите продажни места. Тоа значи дека ќе потрошувачите ќе добијат попуст од 1,5 % од вредноста на артиклите (со пресметан попуст од 2% согласно програмата) во сите продажни места на Техномаркет и попуст од 5% од вредноста на артиклите во продавниците на Coin Casa и @HOME (со пресметан попуст од 5 % согласно лојалната програма).

Smart CardSmart картичката носи и директен попуст при купување од 2% од продажната цена за секое готовинско плаќање во Техномаркет и попуст од 5% за артиклите во @HOME и COIN CASA, без разлика дали производите се на промоција или со намалена цена. Дополнителен попуст од 10% се добива и во сервисот на К&К ДООЕЛ СКОПЈЕ за производите кои се купени согласно оваа Лојална програма.

Сите граѓани што се заинтересрани да имаат своја SMART картичка, можат да аплицираат во било кое продажно место на Техномаркет или тоа да го направат во продавниците на COIN CASA и @HOME. Исто така тоа, својата апликација можат да пополнат и пратат електронски преку веб страната http://www.technomarket.com.mk, а картичката ќе можат бесплатно да ја подигнат од најблискиот салон на Техномаркет или во салонот што тие сами ќе го одберат.