Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Купи куќа за млади“ – Уште еден сладок проект пред избори

„Купи куќа за млади“ – Уште еден сладок проект пред избори

Никола Груевски е во целосен фокус на владејачката партија лидер кој има решение за сите проблеми и е целосно посветен на исполнување на желбите на народот, барем така наговестува досегашната владина кампања. Најновиот проект „Купи куќа за млади“ ќе им овозможи на млади брачни парови и поединци до 35 години да купат куќа со државна субвенција на средствата преку два начина, истакна Груевски на денешниот прес.
kupi kukaПрвиот модел предвидува исплаќање на субвенции на месечната рата во период од 11 години од 80% од средствата, 8 години и 50 % за три години после овие 8 години. Владата исплаќа субвенции на месечната рата на кредитот и главница и камата за стекнување на куќа и тоа во период од 11 години од вкупно 20 години.

Вториот модел предвидува исплаќање на субвенција во висина од 100% од средства за учество во кредитот за стекнување со куќа, а понатаму кредитот младиот човек сам ќе си го исплаќа.

Примањата треба да бидат до 900 евра за поединец или до 1300 евра за брачните другари. Услов е и корисниците да не поседуваат друг стан или куќа, да бидат кредитоспособен барател и да немаат земено друг кредит за куќа или стан.

Фокусот ќе биде ставен на новоизграден куќи, објекти во кои треба да се всели прв сопственик, изградба или доградба на сопствена куќа, со цел да се влијае позитивно и на градежниот сектор.