Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика„Купи куќа, купи стан“ со голема понуда на Саемот за градежништво

„Купи куќа, купи стан“ со голема понуда на Саемот за градежништво

Годинешниот Саем за градежништво и недвижности што ќе започне од 1 март ќе биде добра можност одново да се презентира владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ каде ќе бидат понудени државни станови со посебна цена за ранливи категории и стандардна понуда, како и градежни парцели отстапени од општините за изградба на семејни куќи. Предвидено е да се претстават 110 компании и плацеви од 13 општини меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.
Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски вели дека оваа Општина конкретно има еден проект што е во завршна фаза на реализација и е дел од проектот „Купи куќа за млади“, за кој има и голем интерес.

– Станува збор за населбата Јака која што се простира на 32 хектари површина и опфаќа 500 градежни парцели за изградба на семејни куќи. Парцелите се со просечни површини од 400 до 500 метри квадратни и овој проект е веќе кон крајот при што останаа уште десеттина парцели за отуѓувањ, рече Стојановски.

За да се учествува во проектот потребно е одобрение за градење, а Стојановски истакнува дека како локална самоуправа овозможиле бесплатни четири типови на куќи што ги нудат на инвеститорите со цел да ги намалат давачките. Со ова, како што истакнува, се заштедуваат околу илјада евра по проект и дополнително се забрзува постапката за издавање одобрение за градење.