Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКумановската болница добива врвна опрема и реконструкција

Кумановската болница добива врвна опрема и реконструкција

Кумановската болница ќе добие целосна реконструкција со вложување на 40 милиони денари во кои спаѓа и набавка на нова современа опрема за обезбедување на сите медицински услуги. Министерството за здравство ги презентираше деталите за обнова на Општата болница во Куманово кои опфаќаат создавање на повеќе оделенија и капацитет за сите пациенти од овој регион.

nikola-todorov1

Во ургентниот центар ќе има комплетна дијагностика и за хируршки и за интернистички ургентни состојби, односно во објектот ќе бидат поставени и рендген апаратот и апаратот за компјутерска томографија. Новиот Ургентен хируршки центар ќе содржи: итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, ортопедска амбуланта, уролошка амбуланта, анестезиолошка амбуланта, и други простории, истакна Тодоров и додаде дека станува збор за инвестиција во вредност од над 20 милиони денари која се очекува да заврши до крајот на 2016 година.

За набавка на медински апарати и опрема ќе се потрошат уште 20 милиони денари, а ќе се подржат и повеќе специјалности за кои има најголем број на упатувања од општите лекари и интернистите.