HomeДЕНЕШНАРепубликаКуманово ќе добие ургентен центар со највисоки стандарди

Куманово ќе добие ургентен центар со највисоки стандарди

Во Куманово ќе се гради нов клинички центар со најнова опрема, а веќе од следниот месец е планирано да започнат активностите, најавија од Министерството за здраство.

nikola-todorov2

– Станува збор за комплетно нов објект што ќе биде поврзан со Општата болница во Куманово и ќе се состои од приземје и кат. На приземјето е предвидено сместување на итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, две ортопедски амбуланти, гипс сала, анестезиолошка амбуланта и други придружни простории, додека на катот се проектирани две амбуланти за урологија, една просторија за уролошки интервенции, две хронично хируршки амбуланти, една просторија за интервенции и просторија за компјутерска томографија, како и други придружни простории. Тоа значи дека пациентите на исто место ќе можат да ги добијат сите здравствени услуги и целата потребна дијагностика и третман, посочи министерот за здравство Тодоров.

Инвестицијата ќе изнесува околу 48 милиони денари со што тендерот е веќе објавена, а до крајот на ноември треба да се склучи договор и да се отпочне со градежни работи кои согласно со договорот е предвидено да завршат за 15 месеци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com