Thursday, Mar 30, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаКуманово ја одбележа годишнината од загинувањето на Карпош

Куманово ја одбележа годишнината од загинувањето на Карпош

karpos

По повод 72 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, денеска пред неговата биста во Спомен куќата во Куманово цвеќе положија бројни делегации предводени од Здружението на борците од НОБ, општина Куманово, Советот на општината, од АРМ, кумановскиот музеј, Здружението на армиски и полициски ветерани и граѓански здруженија.

Присутните со едноминутно молчење му одадоа почит на херојот, но и на сите загинати во различните периоди од македонската историја. Во обраќањето пред присутните, секретарот на локалната организација на борците, Благе Јакимовски рече дека Куманово се гордее што токму овде е роден народниот херој. Зора Ивановска, член на претседателството на Здружението на борците зборуваше за учеството на Карпош во НОБ.

Спомен куќата на народниот херој наскоро комплетно ќе се реконструира со поддршка на Владата и на Министерството за култура. Проектот за реконструкција и целосна обнова на поставката на Христијан Тодоровски Карпош е влезена во програмата за 2016-та година.

Христијан Тодоровски Карпош е роден 1921 година во Куманово, а убиен бил на денешен ден, 1944 година од страна бугарскиот окупатор за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште кај селото Билјача, Прешевско.