Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКумановец „здиплил“ 3,5 милиони денари крадејќи роба од магацин

Кумановец „здиплил“ 3,5 милиони денари крадејќи роба од магацин

Магационер континуирано во период од две години изнесувал роба од магацинот на Кожарско, преработувачки комбинат од Куманово, вредна 3,5 милиони денари. На 61-годишниот кумановец Ј.М. му бил доверен клучот од магацонот кој го злоупотребил за да одземе повеќе од 100 парчиња машки и женски кожни јакни и бунди, здолништа, чанти, паричници, ремени и многу други предмети.

Во неговиот дом е извршен претрес по наредба на Основниот суд од Куманово, а од МВР известуваат дека начин и причина за изнесувањето на сета роба од магацинот се неутврдени.