Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКумановец со пиштол ограбил жена сред бел ден

Кумановец со пиштол ограбил жена сред бел ден

П.Н. од Куманово е осомничен дека ја нападнал 37 годишната Б.И.(37) откако најпрво се обидел да и ја украде ташната, но бидејќи не успеал извадил пиштол и се заканил и ја удрил со тупаница. Потоа со ташната побегнал но, полицијата набрзо го лоцирала и привела. Против него ќе биде покрената кривична пријава за разбојништво. Инцидентот се случил вчера сред бел ден на улицата „Страшко Симонов“ во близина на ОУ „Наим Фрашери“.