Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКумановец „олеснет“ за 25.000 евра

Кумановец „олеснет“ за 25.000 евра

Тешка кражба се случила во домот на А. А. од Куманово во која непознато лице заминало со богат плен.
Според досегашните податоци, кражбата се случила вчера на улица „Поток Серава“ во периодот помеѓу 20.30 и 22.30 часот. Крадецо го скршил стаклото на прозорецот од спалната соба на сопственикот на куќата,  насилно влегол и пребарувал по што успеал да одземе куфер со златен накит во вредност од 18.500 евра и 6500 евра во кеш по што побегнал во непознат правец. Се работи на целосно расчистување на случајот од страна на кумановската полиција.