Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКумановци претепани со бејзбол палки во ресторан

Кумановци претепани со бејзбол палки во ресторан

Двајца кумановци, 29 годишниот А.Ш. и неговиот пријател Р.З. биле нападнати од страна на пет лица со безбол палки додека седеле во ресторан на плоштадот Маршал Тито. Притоа А.Ш. бил удиран со бејзбол палки по глава и тело каде му нанеле видливи повреди, а Р.З. го удирале со тупаници.

По тепањето сторителите побегнале. На повредените им била укажана лекарска помош во општата болница Куманово, каде се задржани на лекување. Инцидентот се случил ноќеска по полноќ. Засега нема информации зошто дошло до овој крвнички напад, а СВР Куманово соопштува дека работат на расчистување на случајот.