Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКуман ја посакува жртвата на Мурињо

Куман ја посакува жртвата на Мурињо

Од Франција пристигнува вест дека Евертон подготвил понуда за фудбалерот за кој се претпоставува дека ќе го загуби совето место во тимот на „Црвените Ѓаволи“ после доаѓањето на Жозе Мурињо. Штом Мурињо и официјално стана тренер на Јунајтед веднаш започнаа шпекулациите околу заминување Хуан Мата.

Причината е позната, Мурињо Шпанецот го стави на клупата кога се врати како тренер во Челси. Иако Мата беше најдобар фудбалер на „Сините“ во зезоната претходно, Мурињо го изостави од тимот а потоа го продаде токму на Јунајтед.

Се претпоставува дека Мата повторно го чека истата судбина, бидејќи тој не е тип на фудбалер каков што преферира Португалецот. Се зборува дека Ибрахимовиќ веќе го земал неговиот број осум, со што повеќе се продлабочуваат приказните за неговот заминување.

Mata